Македонија

Пронајден починат маж во Кичево: Ќерката пријавила дека неколку дена не може да стапи во контакт со него

Пронајден починат маж во Кичево: Ќерката пријавила дека неколку дена не може да стапи во контакт со него

На 10.10.2026 во 16:45 часот во ОВР Кичево, А.Ј.(32) од Битола пријавила дека неколку дена не може да стапи во контакт со нејзиниот татко Л.Ѓ.(66) од Кичево.

Полициски службеници излегле на местото и во неговиот дом во Кичево го пронашле починат. На телото немало видливи траги на насилство.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни