Македонија

Дрога од повеќе видови пронајдена кај германски државјанин на Табановце, случајот снимен со боди-камера

Дрога од повеќе видови пронајдена кај германски државјанин на Табановце, случајот снимен со боди-камера

Повеќе видови наркотични и психотропни супстанци биле откриени при царинска контрола на граничниот премин Табановце, на влез во државата. Дрогата била пронајдена кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник, а целата постапка била документирана и со телесни камери, соопшти Царинската управа.

При контролата на автомобилот, кој бил издвоен за проверка, царинските службеници пронашле супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна материја во црни кутивчиња, како и дрога во форма на бомбони. Биле пронајдени и дробилки и вага за прецизно мерење.

При личниот претрес на осомничениот биле откриени дополнителни количества супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, бел гел и таблети со портокалова и кафена боја.

Според Царинската управа, со вештачење, извршено по налог на јавен обвинител, било утврдено дека станува збор за хашиш, амфетамин, МДМА и тетрахидроканабинол (ТХЦ).

Лицето било приведено од инспектори на Одделението за истраги, по што биле преземени предистражни дејствија. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Од Царинската управа информираат дека случајот е документиран со снимки од боди-камери, кои биле обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни