Јовица Андовски и официјално ја напушта функцијата заменик-министер за здравство, откако денеска во Собранието беше констатирана неговата оставка.
Андовски вчера информираше дека одлуката да се повлече од функцијата ја донел од лични причини.
Тој беше кадар на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ).