Пред зградата на бугарската Влада во Софија денеска се одржа мирен протест на кој револтираните демонстранти побараа итни оставки од претседателката на државата, Илијана Јотова, и премиерот Румен Радев.
Поводот за протестот е револтот од реакцијата на државниот врв за инцидентите во бугарската економска поморска зона, каде што неколку бродови беа оштетени и потонати од напади со беспилотни летала.
„Цела Европа знае дека се руски напади — само нашата власт се преправа!“
Однесувањето на властите предизвика остар гнев кај собраните граѓани, кои ги обвинија претседателката и премиерот за неспособност и премолчување на вистината.
„Цела Европа знае дека ова се руски напади, но само нашиот претседател и Владата се преправаат дека не знаат!“ – порачаа демонстрантите.
Плоштадот пред Владата одекнуваше од скандирањата: „Оставка!“, „Предавници!“ и „Затвор!“, додека целиот реон беше под силно полициско обезбедување.
Јотова: Не смееме толку евтино да трошиме човечки животи
По повод кризата и инцидентите во Црното Море, претседателката Илијана Јотова во изјава за бугарските медиуми предупреди на сериозноста на ситуацијата.
„Доколку нападите во Црното Море продолжат на ист начин, бродовите нема да сообраќаат. Покрај товарот што е во опасност, имаме и потонати бродови. Не можеме да си дозволиме толку евтино да трошиме човечки животи,“ нагласи Јотова.
И покрај изјавите на властите, демонстрантите најавуваат дека нема да се откажат од барањата за политичка одговорност поради нарушената безбедност во бугарските води.