Македонија

Герасимовски: Кај „Треска“ се градат згради, но мора да има и зеленило – инвеститорите имаат обврска да изградат парк

Герасимовски: Кај „Треска“ се градат згради, но мора да има и зеленило – инвеститорите имаат обврска да изградат парк

Просторот кај поранешната фабрика „Треска“ во Општина Центар продолжува да се урбанизира, но паралелно со изградбата на станбените објекти мора да се реализираат и предвидените зелени површини. Ова го истакна градоначалникот Горан Герасимовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, посочувајќи дека инвеститорите имаат обврска да изградат парк во овој дел од општината.

Според Герасимовски, уште на почетокот на процесот на урбанизација биле поставени одредени услови за уредување на просторот, вклучително и обезбедување зеленило во рамките на станбените комплекси и на околните површини.

Тој појасни дека изградбата на паркот е предвидена преку обврски што биле разгледувани и усвоени во Советот на Општина Центар.

„Имаме одредени опструкции од страна на инвеститорите, но тоа е поминато како барање во Советот и тие треба да го реализираат паркот, кој воопшто не е мал“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот откри дека постојат и одредени несогласувања меѓу инвеститорите и дел од жителите, што дополнително го отежнува спроведувањето на предвидените решенија.

Сепак, тој изрази уверување дека најголемиот дел од паркот ќе биде реализиран.

„Гледаме дека имаат неусогласувања со некои од жителите, но сигурен сум дека поголемиот дел од паркот ќе го реализираат“, рече Герасимовски.

Тој нагласи дека и покрај законските ограничувања со кои се соочува локалната самоуправа, општината ќе продолжи да бара начини за подобрување на условите за живот во овој дел од Центар.

Според него, урбанистичкиот развој не треба да се сведе исклучиво на изградба на нови станбени објекти, туку треба да биде проследен и со уредување на јавниот простор и создавање зелени површини за граѓаните.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни