Трагичен настан во скопското село Кондово, каде 38-годишен маж го загубил животот додека извршувал градежни работи на куќа во изградба. Според пријавеното во полицијата, тој добил струен удар, по што паднал на земја.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 20 октомври околу 14 часот. Станува збор за М.Б. (38) од скопското село Студеничани.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта.
Извршен бил увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.