Македонија

Дурмиши: Потребни се вештини што ги бара пазарот на трудот за полесно вработување на младите

Дурмиши: Потребни се вештини што ги бара пазарот на трудот за полесно вработување на младите

Недостигот од практични вештини и потребата од подобро усогласување на образованието со барањата на работодавачите беа меѓу темите во фокусот на форумот „NextGen CareerUp“, што денеска се одржа во Тетово. На настанот учествуваше и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој говореше за мерките и можностите за полесно вклучување на младите на пазарот на трудот.

Дурмиши беше дел од панел-дискусијата „Премостување на јазот: од образование до вработување“, на која се отворија прашањата за предизвиците со кои се соочуваат младите при барањето работа, потребата од стекнување практични знаења и значењето на соработката меѓу образовните институции, компаниите и државните институции.

Во своето обраќање, министерот истакна дека создавањето квалитетни можности за младите е еден од приоритетите на Министерството за економија и труд.

Во таа насока, како важни области ги посочи активните мерки за вработување, практикантството, поддршката на претприемништвото и развојот на вештини што одговараат на реалните потреби на економијата.

Форумот „NextGen CareerUp“ е организиран од Институтот за лидерство и јавни политики (ILPP), со поддршка на Кралството Холандија, со фокус на кариерниот развој на младите и поврзувањето на образованието со можностите за вработување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни