Македонија

Пензионерите повторно на протест: Се бара линеарно покачување на пензиите, нов закон и оставка од Станка Трајкова

Пензионерите повторно на протест: Се бара линеарно покачување на пензиите, нов закон и оставка од Станка Трајкова

Претставниците на иницијативните одбори на пензионерите од Македонија на денешниот протест во Прилеп побараа линеарно зголемување на пензиите, оценувајќи дека таквото решение „не е противуставно“ и дека е потребен нов закон за пензии.

Тие порачаа дека ќе подготват документ, односно меморандум за разбирање, со кој ќе ги образложат своите аргументи и ќе бараат тие да бидат законски уредени.

„Ќе донесеме еден документ, меморандум за разбирање. Ќе ги образложиме овие наши правно издржани аргументи и ќе бараме разбирање, да се покрие со закон“, изјави еден од претставниците на протестот.

Претставникот порача дека нема уставна пречка за вакво решение и оти институциите можат да го затворат ова прашање.

„Ако има нешто недопокриено, се жалат господата од Владата дека Уставниот суд ги напаѓал по вакви или такви околности. Значи тие имаат мнозинство. Тоа прашање можат да го затворат“, рече претставникот на пензионерите.

Пензионерите аргументираат дека, без разлика на висината на пензијата, сите се соочуваат со исти основни животни трошоци. Затоа се противат на процентуално зголемување и бараат линеарен модел.

„Буџетски пари на сите подеднакво, тоа е 1.500 денари. 1.500 денари за сите, животниот трошок е поскапен и за во аптеката и за во маркетот“, порачаа од протестот.

Во изјавите беше оспорено и тврдењето дека за ваков модел постои уставно-правна пречка.

„Никаде не пишува дека Уставен суд донел или заклучок дека законот е неуставен“, рекоа пензионерите.

На протестот беше побарана и оставка од актуелната претседателка на Здружението на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.

Според информациите изнесени во прилогот, во Македонија има над 240 илјади пензионери.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни