Македонија

Лекарите во Гостивар реанимирале 15-годишно момче донесено без знаци на живот

Лекарите во Гостивар реанимирале 15-годишно момче донесено без знаци на живот

Петнаесетгодишно момче од Гостивар е пренесено на скопските клиники со тешки телесни повреди, откако се лизнало и паднало по скалите во семејниот дом. Момчето било донесено во болница без знаци на живот, но лекарите успеале да го реанимираат.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен денеска во 12 часот во Полициската станица Гостивар од Итната медицинска помош. Оттаму информирале дека кај нив било донесено 15-годишното момче без знаци на живот.

По приемот, медицинскиот персонал веднаш презел мерки за реанимација, по што момчето повторно покажало знаци на живот.

Поради сериозноста на состојбата, со возило на Итната медицинска помош било итно транспортирано во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

За случајот бил известен јавен обвинител, а на местото на настанот бил извршен увид. Надлежните институции преземаат мерки за целосно утврдување на околностите под кои се случил несреќниот настан.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни