Полициската префектура на Рона го продолжи полицискиот час во центарот на Лион, кој ќе биде во сила од вечерва во 23 часот до утре во 6 часот наутро.
Во соопштението на префектурата се наведува дека мерката е донесена со цел „обезбедување на јавниот ред и безбедноста“. Полицискиот час вклучува и забрана за одржување демонстрации и јавни собири, пренесува телевизијата БФМ.
Мерката го опфаќа подрачјето Прескил во Лион, каде што во досегашниот тек на протестите биле вандализирани или ограбени меѓу 150 и 200 продавници. Туристичката канцеларија, пак, била запалена за време на немирите на 17 октомври.