Балкан

ЦеСИД и Ипсос: Студентската листа со 52,9 отсто и 140 мандати, листата на Вучиќ со 38,8 отсто

ЦеСИД и Ипсос: Студентската листа со 52,9 отсто и 140 мандати, листата на Вучиќ со 38,8 отсто

Студентската листа освоила 52,9 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори во Србија, според конечната проекција на Центарот за слободни избори и демократија — ЦеСИД и агенцијата Ипсос, изработена врз основа на 96 отсто од обработениот примерок.

Според истата проекција, листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ освоила 38,8 отсто од гласовите.

Во распределбата на пратеничките места, Студентската листа добива 140 мандати, што ѝ обезбедува апсолутно мнозинство во парламентот со 250 пратеници. На листата на Вучиќ ѝ припаѓаат 103 мандати.

Под изборниот праг останала листата „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилност“ со 2,2 отсто од гласовите. Сите други листи поединечно освоиле помалку од еден отсто, а меѓу оние што не го поминале прагот се „Европска Србија“ и „Автентична десница“.

Според проекцијата, во парламентот влегуваат и четири малцински листи: Сојузот на војводинските Унгарци со три мандати, Албанската коалиција со два, како и Санџачката демократска партија и СДА Санџак со по еден мандат.

Станува збор за проекција на ЦеСИД и Ипсос, а не за конечни официјални резултати на изборната комисија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни