Силен ветер од северозападен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 километри на час, се очекува денеска, 28 октомври. За делови од земјата е означено жолто ниво на предупредување на метеоалармската карта.
Предупредувањето ги опфаќа североисточните подрачја, делови од Повардарието и југоисточниот дел на Македонија.
На картата со жолта боја се означени подрачјата околу Куманово, Кратово и Крива Паланка, потоа Велес, Неготино и Кавадарци, како и делови од југоистокот, меѓу кои Радовиш, Конче, Валандово и Гевгелија.
Најавената брзина над 60 километри на час се однесува на одделни места во предупредените подрачја.