Македонија

Муцунски изрази сочувство по трагичниот судир на возови кај Толедо

Муцунски изрази сочувство по трагичниот судир на возови кај Толедо

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази сочувство по трагичниот судир на возови во близина на Толедо, Шпанија.

Во објава на социјалните мрежи, Муцунски порача дека е длабоко потресен од несреќата и упати сочувство до шпанскиот министер за надворешни работи, шпанскиот народ и особено до семејствата што ги загубиле своите најблиски.
„Стоиме во солидарност со Шпанија во овие тешки моменти и им посакуваме брзо закрепнување на сите повредени“, напиша Муцунски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни