Македонија

Сиљановска-Давкова изрази сочувство за жртвите во железничката несреќа во Шпанија

Сиљановска-Давкова изрази сочувство за жртвите во железничката несреќа во Шпанија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку објава на социјалната мрежа Икс изрази сочувство до семејствата на загинатите во железничката несреќа во шпанската покраина Толедо.

„Длабоко сум натажена од трагичниот судир на возови во шпанската покраина Толедо. Изразувам искрено сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите“, напиша Сиљановска-Давкова.

Таа им посака брзо и целосно закрепнување на повредените и упати порака на солидарност до шпанскиот народ.

„Нашите мисли се со народот на Шпанија во овие тешки моменти“, порача претседателката, означувајќи го во објавата официјалниот профил на шпанското кралско семејство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни