Студентите во блокада во Србија објавија дека имаат причина да веруваат оти вечерва „одредена интересна група ќе се обиде да исценира“ инциденти во Белград, односно да упадне во редакцијата на „Информер“, а потоа „одговорноста за тоа да им ја префрли на студентите“.
Тие преку Икс ги повикаа граѓаните да не се одѕиваат на таквите повици.
„Ве повикуваме да не се одѕивате на ваквите повици и критички да пристапувате кон информациите што ќе се шират“, порачаа студентите во блокада.
Тие наведуваат дека знаат кому му е во интерес да ги претстави студентите како насилници.
„Во оваа пригода нагласуваме дека нема да успеат во тоа“, напишаа тие.
Група граѓани пред две ноќи влезе во зградата на телевизијата „Информер“ и ја прекина програмата, по што полицијата ги евакуираше уредникот Драган Ј. Вучиќевиќ и вработените.