Свет

Почина американската синдикална лидерка и феминистичка активистка Долорес Хуерта

Почина американската синдикална лидерка и феминистичка активистка Долорес Хуерта

Истакнатата американска синдикална лидерка и феминистичка активистка Долорес Хуерта почина на 96-годишна возраст, соопшти денеска нејзиното семејство.

„Со длабока тага објавуваме дека нашата сакана мајка, Долорес Хуерта, почина денеска“, се наведува во соопштението на семејството, пренесува Си-Ен-Ен.

Синдикатот на обединетите земјоделски работници денеска соопшти дека „најголемата можна почит кон нејзиниот живот е нејзината работа на организирање да продолжи“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни