По повод стогодишнината од своето постоење, Скопската зоолошка градина соопшти дека нејзиното семејство е збогатено со нови жители. Во зоолошката градина пристигнаа патагониски мари, нанду, кокошести гуски, бели пауни и лебеди.
Од установата информираа дека новите животни се сместени во задолжителен карантин, каде што добиваат соодветна грижа и ветеринарен надзор за безбедно приспособување на новата средина.
Како што најавија од Скопската зоолошка градина, посетителите наскоро ќе имаат можност да ги видат одблиску и да уживаат во нивната убавина.