Македонија

„Урбанизам на страв“: Филиповска Тодорчевска вели дека стравот од тужби ги блокира измените на плановите

„Урбанизам на страв“: Филиповска Тодорчевска вели дека стравот од тужби ги блокира измените на плановите

Стравот од тужби поради стекнати права за градба станал една од главните пречки за ревизија на проблематичните урбанистички планови во Центар, оцени советничката Билјана Филиповска Тодорчевска во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

„Ние сега имаме еден урбанизам на страв, да не бидеме тужени“, рече таа.

Според неа, повикувањето на можни судски постапки постојано се појавува во разговорите за намалување на предвидената густина на градба. Таа посочи дека е потребно преиспитување на плановите за Буњаковец и за делови од Дебар Маало, кои ги оцени како особено оптоварени.

Филиповска Тодорчевска смета дека јасно утврдениот јавен интерес треба да биде основа за барање решение, наместо проблематичните планови да продолжат да се реализираат без корекции.

Таа нагласи дека последиците од прекумерната изградба веќе се чувствуваат преку сообраќајот, густината на објектите и притисокот врз инфраструктурата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни