Македонија

Сиљановска-Давкова изрази сочувство за загинатите во хеликоптерската несреќа во БиХ

Сиљановска-Давкова изрази сочувство за загинатите во хеликоптерската несреќа во БиХ

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, изрази длабоко жалење по трагичната хеликоптерска несреќа во Босна и Херцеговина, во која животот го загубија четири припадници на италијанските вооружени сили и на Италијанскиот воен Црвен крст, додека 11 лица беа повредени.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Сиљановска-Давкова упати сочувство до семејствата на загинатите и до италијанскиот народ, посакувајќи им брзо закрепнување на повредените.

Таа посочи дека трагедијата потсетува на хеликоптерската несреќа од 2008 година, кога животот го загубија 11 македонски мировници кои биле дел од истата мисија.

„Оваа трагедија е болно потсетување на хеликоптерската несреќа од 2008 година, во која животот го загубија 11 македонски мировници, кои беа дел од оваа мисија“, напиша претседателката.

Сиљановска-Давкова истакна дека мислите на сите се со семејствата и со сите погодени од оваа трагедија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни