Балкан

Колку ќе чини скијањето во Србија оваа зима? Објавени цените за Копаоник и Златибор

Колку ќе чини скијањето во Србија оваа зима? Објавени цените за Копаоник и Златибор

Љубителите на зимските спортови кои планираат скијање во Србија оваа сезона ќе треба да издвојат различни суми во зависност од скијачкиот центар и периодот на престој. Објавени се новите ценовници за ски-карти во Копаоник, Стара Планина и Торник на Златибор, а највисоки цени и оваа година има Копаоник.

Според ценовниците објавени во српските медиуми, дневниот билет на Копаоник во предсезоната и постсезоната чини 3.900 динари за деца, 5.600 динари за возрасни и 5.000 динари за пензионери. Овие цени важат од 15 ноември до 16 декември, како и од 24 март до крајот на скијачката сезона.

Во шпицот на сезоната, од 25 декември до 7 јануари и од 11 до 17 февруари, цените се повисоки. Дневниот ски-билет тогаш ќе чини 5.000 динари за деца, 6.500 динари за возрасни и 5.900 динари за пензионери.

За разлика од Копаоник, скијањето на Торник на Златибор и на Стара Планина е поевтино. Во предсезоната, дневната карта за овие два центри чини 2.550 динари за деца, 3.450 динари за возрасни и 3.000 динари за пензионери.

Предвидени се и попусти за неделни и семејни ски-карти, а конечната цена ќе зависи од периодот во кој ќе се користат услугите на скијачките центри.

Едно евро се менува за околу 117 српски динари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни