Два од најпосетуваните видиковци на Пелистер добиваат нов изглед. Започна обновата на видиковците Јоргов Камен, на 1.744 метри надморска височина, и Црвени Стени, на 1.788 метри, со цел да се подобри туристичката понуда на еден од најатрактивните национални паркови во Македонија.
Проектот го реализира Јавната установа Национален парк „Пелистер“ во соработка со Ротари клуб Битола Широк сокак.
Станува збор за две популарни планински дестинации, поврзани со атрактивни пешачки патеки чија вкупна должина надминува 30 километри.
Од Националниот парк посочуваат дека обновата ќе придонесе за поголема привлечност на овие природни локалитети, притоа водејќи сметка да не се наруши автентичниот изглед на планината и природниот пејзаж.