Македонија

УЧЕЊЕТО НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ: Осуденик во затворот во Охрид успешно заврши средно образование

УЧЕЊЕТО НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ: Осуденик во затворот во Охрид успешно заврши средно образование

Осудено лице кое издржува затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Охрид успешно го завршило средното образование, како дел од процесот на ресоцијализација и подготовка за повторно вклучување во општеството.

Информацијата ја соопшти Управата за извршување на санкции, од каде посочуваат дека станува збор за значаен чекор во процесот на ресоцијализација на осудените лица.

Образованието е реализирано благодарение на континуираната соработка меѓу Управата, Министерството за образование и наука и Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ од Охрид.

Од Управата упатија благодарност до професорите за нивната посветеност и поддршка, нагласувајќи дека образованието претставува важна можност за нов почеток.

„Учењето не познава граници!“, порачаа од Управата за извршување на санкции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни