Breaking Битолчани од утрово чекаат пред експозитурите на „Алта банка“
Македонија

Голем пожар во автобуската компанија „Белдона“ кај Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцеларии, повредени тројца пожарникари

Голем пожар во автобуската компанија „Белдона“ кај Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцеларии, повредени тројца пожарникари

Пожарникарите се соочиле со сериозен предизвик при гаснењето на големиот пожар што избувнал во автобускиот комплекс на компанијата „Белдона“ во близина на Кочани. Огнената стихија зафатила автобуси, гаражи и канцелариски простории, а тројца пожарникари кои учествувале во интервенцијата биле повредени и пренесени во болница.

Според информациите објавени од „Радио Кочани“, пожарот избувнал вчера околу 9 часот во објектите на компанијата, лоцирани во месноста Цацков Бунар, кај селото Тркање, во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“.

Во пожарот е причинета голема материјална штета, а огнот зафатил повеќе делови од комплексот, меѓу кои автобуси, гаражни простории и канцеларии.

Тројца пожарникари кои учествувале во интервенцијата се здобиле со повреди и биле пренесени на болничко лекување.

Особено загрижувачки се информациите за повредите на двајца од пожарникарите, кои имале изгореници на рамениците и подлактиците, иако овие делови од телото не биле директно изложени на пламенот и високите температури.

Според информации објавени на социјалните мрежи, постои сомневање дека топлината продрела низ нивната заштитна облека и предизвикала изгореници.

Овој случај повторно го отвори прашањето за исправноста и квалитетот на заштитната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица во Кочани, особено во услови на интервенции со високи температури и голем ризик за животот и здравјето на пожарникарите.

Засега нема дополнителни информации за причините за избувнувањето на пожарот, а материјалната штета се оценува како сериозна.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни