Breaking Битолчани од утрово чекаат пред експозитурите на „Алта банка“
Македонија

Битолчани од утрово чекаат пред експозитурите на „Алта банка“: „Не сакаме уште еден ТАТ, дајте ни ги парите и пензиите!“

Битолчани од утрово чекаат пред експозитурите на „Алта банка“: „Не сакаме уште еден ТАТ, дајте ни ги парите и пензиите!“
Фото: 4NEWS.mk

Граѓани од Битола од утрово чекаат пред експозитурите на „Алта банка“, барајќи да ги подигнат своите пари и пензии. Пред влезот во една од експозитурите се собрани повеќе граѓани, што може да се види и на фотографијата која ја направивме утрово.

„Не сакаме уште еден ТАТ, дајте ни ги парите и пензиите!“ е пораката на граѓаните кои бараат пристап до своите средства.

Со споменувањето на ТАТ, тие го изразуваат стравот за своите заштеди и неизвесноста околу располагањето со парите.

Нивното барање е да можат да ги подигнат средствата што ги имаат на сметките, вклучително и пензиите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни