Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Македонија

Измамен тетовец: Договорил продажба на возилото за 6.000 евра, но останал и без парите и без возилото

Измамен тетовец: Договорил продажба на возилото за 6.000 евра, но останал и без парите и без возилото
Фото: 4news.mk

Продажбата на патничко возило завршила со пријава за измама, откако 49-годишен жител на Тетово останал без договорените 6.000 евра, а возилото не му било вратено.

Случајот вчера бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Тетово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавителот навел дека на 18 септември склучил писмен договор за купопродажба на патничко возило „фолксваген голф“ со 41-годишниот М.О. од тетовското село Милетино.

Но, како што било пријавено, купувачот не ја исплатил договорената сума од 6.000 евра, ниту го вратил автомобилот во рокот предвиден со договорот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни