Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

Миноски: Алта банка нема да го урне банкарскиот систем, но недовербата може да се прошири

Миноски: Алта банка нема да го урне банкарскиот систем, но недовербата може да се прошири

Продолжувањето на неизвесноста околу Алта банка во Македонија не може директно да ја загрози финансиската стабилност на државата, но може сериозно да ја наруши довербата на граѓаните во банкарскиот сектор. Ова го предупреди Кирил Миноски во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според него, иако Алта банка нема големо учество во вкупниот банкарски систем, пролонгирањето на привремените мерки и одложувањето на конечната одлука за нејзината иднина можат да создадат дополнителна неизвесност кај клиентите.

„Не може да ја наруши финансиската стабилност, но може да креира недоверба, што е исто така многу лошо. Дефинитивно, веќе креира недоверба и ќе продолжи да креира“, изјави Миноски.

Тој нагласи дека ситуацијата е непријатна пред сè за граѓаните и компаниите кои имаат депонирано средства во банката, а поради воведените ограничувања не можат слободно да располагаат со сопствените пари.

Миноски посочи дека ваквата состојба претставува предизвик и за Народната банка како регулатор, бидејќи неизвесноста може да се одрази и врз довербата во институциите кои се задолжени за стабилноста на финансискиот систем.

Според него, неопходно е во најкраток можен рок да се пронајде решение со кое ќе се надмине актуелната состојба и ќе се овозможи нормално функционирање на банката.

Тој предупреди дека довербата во банкарскиот сектор се гради со години, но може да биде разнишана за многу кратко време, особено кога граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените финансиски средства.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни