Спорт

ТРАГЕДИЈА ВО ШПАНИЈА: Почина 30-годишниот фудбалер Хесус де Мигуел по срцев удар на натпревар

ТРАГЕДИЈА ВО ШПАНИЈА: Почина 30-годишниот фудбалер Хесус де Мигуел по срцев удар на натпревар

Голема трагедија го потресе шпанскиот фудбал откако почина 30-годишниот Хесус де Мигуел, напаѓач на Тенерифе. Фудбалерот им подлегнал на последиците од срцевиот удар што го доживеал за време на вчерашниот натпревар против Андора.

Според информациите од Шпанија, здравствената состојба на Де Мигуел се влошила во текот на ноќта, а и покрај напорите на лекарските екипи, тој не успеал да ја добие најважната битка.

Несреќниот настан се случил откако голманот на противничкиот тим, Андора, стартувал врз него, по што напаѓачот доживеал срцев удар.

Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот клуб Тенерифе, од каде што се простуваат од фудбалерот и изразуваат сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го познавале.

Смртта на 30-годишниот фудбалер предизвика тага во спортската јавност и претставува голема загуба за неговите соиграчи и клубот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни