Македонија

Славески: Од Србија во Македонија преку „Алта банка“ пристигнале 16.000 евра, а заминале 180.000

Славески: Од Србија во Македонија преку „Алта банка“ пристигнале 16.000 евра, а заминале 180.000

Разликата меѓу приливите и одливите на средства преку „Алта банка“ АД Битола по завршувањето на изборите во Србија е значителна, покажуваат податоците што ги објави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Во периодот по 26 октомври, од Србија кон Македонија преку клиентите на банката биле префрлени околу 16.000 евра, додека трансакциите во обратна насока изнесувале приближно 180.000 евра.

Со овие податоци Славески ги отфрли тврдењата за милионски приливи од Србија кон Македонија, нагласувајќи дека проверените бројки покажуваат поинаква слика.

Тој појаснува дека трансакциите се редовни плаќања на клиентите на банката, поврзани со нивните деловни активности, меѓу кои и плаќања за увезена стока од страна на мали и други компании.

Во објавата на социјалната мрежа Икс, гувернерот посочува дека Народната банка и натаму внимателно ја следи состојбата во „Алта банка“ АД Битола и постапува во рамките на своите законски надлежности.

Според Славески, приоритет останува заштитата на средствата на клиентите и зачувувањето на стабилноста на банката и на банкарскиот систем во земјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни