Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој на одредени места долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, проследено со слаб до умерен ветер од северен правец.
Според временската прогноза, од утре следува период на стабилно и суво време, со променлива облачност во текот на денот.
Во четврток, петок и сабота во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, додека од петок се очекува постепено намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди.
За време на викендот се најавува дополнително заладување во утринските часови. Минималните температури на одредени места ќе се спуштат под нула степени, што ќе донесе студени утра и можност за појава на слаб мраз.