Македонија

Исплата и во сабота: „Алта банка“ го објави распоредот за работа во Битола

Исплата и во сабота: „Алта банка“ го објави распоредот за работа во Битола

„Алта банка“ АД Битола соопшти дека од утре, четврток, 5 ноември, започнува исплата на готовина за клиентите кои имаат платежни сметки во банката, но немаат платежни картички. Исплатата ќе се врши во главната филијала на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола, а клиентите ќе можат да подигнат до 20.000 денари за период од две недели.

Можноста е наменета особено за пензионерите и примателите на социјална помош кои немаат картички за пристап до своите средства.

Од банката најавуваат отворање повеќе шалтери. Од петок, 6 ноември, вклучително и во сабота, 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени за да опслужи што поголем број клиенти.

Исплатата ќе се одвива според однапред утврден распоред. Секој клиент ќе добие СМС-порака со точниот ден и час кога треба да дојде во филијалата.

Од „Алта банка“ апелираат да се почитуваат закажаните термини за да се избегнат гужви и подолго чекање. За клиентите кои нема да можат да дојдат во определениот термин ќе бидат обезбедени дополнителни термини.

Шалтерите ќе служат исклучиво за исплата на готовина, без можност за извршување други банкарски трансакции.

Во тек се подготовки за исплата и во други градови низ земјата. Од банката најавуваат дека клиентите дополнително ќе бидат известени за локациите и распоредот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни