Македонија

Сончеви периоди и утринска магла – викендот носи температури под нулата

Сончеви периоди и утринска магла – викендот носи температури под нулата
ФОТО 4NEWS.MK

Во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје се очекува променлива облачност, проследена со слаб до умерен северен ветер.

Стабилното и претежно суво време ќе се задржи до недела, со повремени сончеви интервали. За време на викендот се очекуваат постудени утра, при што минималните температури на одредени места ќе се спуштат под нулата. Во котлините повторно ќе има услови за утринска магла.

Од почетокот до средината на следната седмица се најавува постепена промена на временските услови. Облачноста ќе биде променлива, а наместа ќе има услови за слаб локален дожд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни