Македонија

„АЛТА банка“ Битола денеска исплати средства на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

„АЛТА банка“ Битола денеска исплати средства на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

Вкупно 360 клиенти на „АЛТА банка“ АД Битола денеска добија можност да располагаат со дел од своите средства преку исплата на шалтер во Битола. Станува збор за граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен кои имаат платежни сметки во банката, но не поседуваат платежни картички.

Од Народната банка информираат дека исплатата поминала без проблеми, со добра организација и непречено опслужување на клиентите. Успешно бил реализиран и организираниот превоз од трите градови до филијалата во Битола и назад, според однапред утврдениот распоред.

Граѓаните кои денеска ги подигнале средствата можеле да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

Од понеделник, 9 ноември, клиентите на „АЛТА банка“ ќе имаат дополнителна можност за пристап до своите пари, бидејќи со работа започнуваат и шалтерите во Тетово и Струмица. И таму граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари.

Дополнително, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќање на продажните места со платежните картички на банката. Наместо досегашните 10.000, клиентите ќе можат да располагаат со 15.000 денари неделно.

Народната банка најавува дека ќе продолжи со активностите за постепено олеснување на условите за користење на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните пари и непречено опслужување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни