Македонија

Од полноќ големо намалување на цените на горивата во Македонија

Од полноќ големо намалување на цените на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која од полноќ се намалуваат највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, просечно за 7,51 проценти во однос на цените утврдени со одлуката од 2 ноември 2026 година.

Со новите цени, моторниот бензин Еуросупер БС 95 изнесува 86,00 денари за литар, Еуросупер БС 98 изнесува 88,00 денари за литар, дизел горивото Еуродизел БС (Д Е В) изнесува 94,50 денари за литар, екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ 1) изнесува 103,50 денари за литар, а мазутот М 1 НС изнесува 49,312 денари за килограм.

Намалувањето по поединечни производи изнесува 7,00 денари за литар кај бензините Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98, 5,50 денари за литар кај Еуродизел БС (Д Е В), 6,50 денари за литар кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) и 6,261 денари за килограм кај мазутот М 1 НС, споредено со претходната регулаторна одлука од 2 ноември 2026 година.

Во одлуката е применет намален износ на акцизата од 2,00 денари за литар кај бензините Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98 и намален износ на акцизата од 4,00 денари за литар кај Еуродизел (Д Е В), согласно член 92 став 11 од Законот за акцизи и Одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 256/26. Исто така е применета повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност од 10 проценти за Еуродизел (Д Е В), согласно Одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка, објавена во истиот број на „Службен весник“.

Цените се пресметани според методологијата на Регулаторната комисија, врз основа на средната дневна берзанска цена на премиум безоловен бензин 10 ппм на котацијата „Медитерански товари ФОБ (Италија)“ и средната дневна берзанска цена на ултранискосулфурен дизел 10 ппм на истата котација, од изданието „Платс Европски Маркетскен“, за периодот од 16 до 30 октомври 2026 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни