Македонската радио-телевизија испратила писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ), барајќи објаснување за гласањето на стручните жирија на Детската Евровизија 2026. Македонскиот претставник добил 51 поен од публиката и шест од жиријата, завршувајќи на последното место.
Генералниот директор на МРТ, Зоран Ристоски, на седница на Програмскиот совет соопштил дека е испратено барањето. Според записникот од седницата, јавниот сервис бара појаснување за начинот на спроведување на гласањето и за распределбата на поените од членовите на жиријата.
Ристоски ја нагласил потребата од транспарентност на постапката. Тој посочил и дека организаторите имаат обврска да постапуваат со особено внимание и одговорност кон младите изведувачи, бидејќи на натпреварот учествуваат деца.