Македонија

Македонско исламско здружение на списокот на организации прогласени за терористички во Египет

Македонско исламско здружение на списокот на организации прогласени за терористички во Египет

Името на организација од Македонија се појавува меѓу 35 здруженија и институции што египетскиот Кривичен суд во Каиро ги прогласил за терористички. Одлуката, објавена во египетскиот службен весник, опфаќа и 36 лица од повеќе европски држави, а нивното внесување во националните регистри ќе важи во период од пет години.

Македонската организација во документот е наведена под арапското име „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“, што во превод значи „Исламско младинско здружение“.

Засега не е познато за кое точно здружение станува збор. Називот потсетува на „Исламски младински форум – Скопје“, регистриран во Македонија, но нема потврда дека станува збор за истиот субјект, објави порталот „Религија“.

Покрај македонската организација, на списокот се наоѓаат и исламски здруженија и институции од Франција, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Шведска, Италија и други европски земји.

Меѓу нив се Советот на муслиманите во Европа, Исламската асоцијација во Велика Британија, Лигата на муслиманите во Швајцарија, Исламската заедница во Германија, Европскиот совет за фетви и истражувања, Европскиот совет на имами и Европскиот институт за хуманистички науки.

Во објавените информации нема дополнително образложение за причините поради кои македонската организација е вклучена во списокот. Не се наведени ниту конкретни докази за нејзина наводна поврзаност со терористички активности.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни