Македонија

Филипче најави кривични пријави за Алта банка: СДСМ бара истрага за сметките, трансакциите и потеклото на капиталот

Филипче најави кривични пријави за Алта банка: СДСМ бара истрага за сметките, трансакциите и потеклото на капиталот

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека партијата ќе поднесе кривични пријави поврзани со случајот „Алта банка“. Според него, пријавите ќе се однесуваат на, како што тврди, сомнежите за перење пари, притисоци, банкарски сметки и трансфери, како и за движењето на средствата на граѓаните и јавните претпријатија.

Во објава на Фејсбук, Филипче ја обвини власта дека се обидува да го прикрие случајот и да избегне одговорност. Тој тврди дека треба да се испитаат сметките, трансакциите, потеклото на капиталот и наводните врски со луѓе блиски до српскиот претседател Александар Вучиќ.

Филипче посочи дека претходно поднесените кривични пријави од премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, против претставници на опозицијата ги оценува како обид за притисок.

„СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија“, напиша Филипче.

Тој упати критики и кон премиерот Мицкоски, правејќи паралела со политичките случувања во Србија и најавувајќи дека, како што рече, истрагите ќе ја откријат вистината и одговорноста за случајот.

Од СДСМ засега во објавата не се наведени конкретните лица против кои ќе бидат поднесени пријавите, ниту деталите за правната квалификација на наводните дејствија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни