Во центарот на Битола паднало стакло од излогот на Одделението за водење матични книги, при што според очевидци се повредени две девојчиња.
Стаклото се скршило поради силен ветер. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола, а на местото на настанот има полициски екипи.