Македонија

Со автомобил се обидел да прегази шумски полицаец – приведен 53-годишен маж од Желино

Со автомобил се обидел да прегази шумски полицаец – приведен 53-годишен маж од Желино

На 13.11.2026 во 21:00 часот во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода З.Џ.(53) од истото село.

Тој се сомничи дека околу 13:40 часот во атарот на с.Желино со патничко возило „форд“ без регистарски ознаки, кое го управувал и кое било натоварено со огревни дрва, не застанал на даден знак од припадници на Шумската полиција, туку ја зголемил брзината и со возилото се обидел да удри еден шумски полицаец, по што побегнал.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни