Македонија

Голем пожар во скопската населба Жданец, интервенирале 19 пожарникари со седум возила

Голем пожар во скопската населба Жданец, интервенирале 19 пожарникари со седум возила

Деветнаесет пожарникари со седум противпожарни возила синоќа се бореле со огнената стихија во скопската населба Жданец, каде што избувнал пожар во барака со површина од околу 80 квадратни метри.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот избувнал во текот на ноќта во населбата која се наоѓа во Општина Карпош.

На терен интервенирале 19 пожарникари од скопската противпожарна бригада, со седум противпожарни возила. Интервенцијата траела речиси два часа, од 23:35 до 1:30 часот по полноќ.

Засега не се соопштуваат причините за избувнувањето на пожарот. Нема ниту информации дали има повредени лица и колкава материјална штета е предизвикана.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни