Возач од Охрид бил фатен како управува автомобил со дури 3,05 промили алкохол во крвта, откако претходно учествувал во сообраќајна незгода со друго возило. Полицијата го лишила од слобода, а по наредба на јавен обвинител автомобилот му бил одземен.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 14 ноември, околу 14:26 часот, на улицата „15 Корпус“ во Охрид.
Во сообраќајната незгода учествувале автомобил „Фолксваген Голф“, управуван од 44-годишниот Б.П. од Охрид, и „Опел“, зад чиј волан бил 67-годишен жител на охридското село Лескоец.
При извршеното алкотестирање, кај 44-годишниот возач биле измерени 3,05 промили алкохол во крвта. Полициските службеници веднаш го исклучиле од сообраќај и го лишиле од слобода.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.