Македонија

Студентите сакаат ручек по пратенички цени, Гаши вели дека се добредојдени во Собранието

Студентите сакаат ручек по пратенички цени, Гаши вели дека се добредојдени во Собранието

Група од 30 до 40 студенти сакаат на 27 ноември да ручаат во собранискиот ресторан и сами да ја платат храната по цените што важат за пратениците. Форумот за промени во образованието испратил барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, за организирање Ден на отворени врати.

Иницијативата следува по дебатата за дневниот износ од 140 денари за субвенциониран студентски оброк и по објавувањето на ценовникот на собранискиот ресторан.

Од Форумот појаснуваат дека не бараат бесплатна храна, туку можност студентите да платат исто колку и пратениците и лично да проверат колку чини еден оброк во ресторанот.

Организацијата очекува официјален одговор од Гаши. Доколку барањето биде одбиено, бараат да им бидат образложени правните и организациските причини.

Прашан за иницијативата на брифинг со новинарите, Гаши изјавил дека студентите се добредојдени да ручаат во Собранието и дека со задоволство би ги пречекал.

Неговата изјава засега не содржи потврда за предложениот датум и за условите под кои би се реализирала посетата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни