Македонија

Митева го осуди насилството врз девојката во Охрид: Обвинителството да постапи итно, без одолговлекување

Митева го осуди насилството врз девојката во Охрид: Обвинителството да постапи итно, без одолговлекување

Случајот со насилството врз 26-годишната девојка во Охрид предизвика реакции и во Владата. Портпаролката на Владата, Марија Митева, јавно го осуди нападот и побара Јавното обвинителство итно да постапи, без одолговлекување, и целосно да го расчисти случајот.

Во објава на социјалните мрежи, Митева порача дека за насилството нема оправдување и дека институциите мора да обезбедат правда.

„Остро и недвосмислено го осудувам насилството врз младата девојка во Охрид. Очекувам Јавното обвинителство да дејствува итно, без одолговлекување! Случајот мора целосно да се расчисти и да има правда!“, напиша Митева.

Таа нагласи дека насилството не смее да биде премолчувано или релативизирано.

„Насилството е недозволиво, нема оправдување, ниту смее да има премолчување или релативизирање!“, порача владината портпаролка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни