Балкан

Тајните снимки за Ива Михајлова ја разбрануваа Софија – бугарската министерка не гледа докази за притисок

Тајните снимки за Ива Михајлова ја разбрануваа Софија – бугарската министерка не гледа докази за притисок

Бугарската министерка за надворешни работи, Петрова Чамова, ги отфрли сомнежите дека Ива Михајлова била изложена на притисок од бугарските безбедносни служби, откако во јавноста беа објавени тајно снимени разговори.

Чамова изјави дека нема информации ниту докази за евентуално влијание врз Михајлова.

„Колку што видов од изјавата на Ива Михајлова, таа самата тврди дека не била изложена на притисок, така што за мене е малку загадочно од каде се појави таквата информација“, изјави бугарската министерка.

Случајот предизвика реакции откако бугарски јутубер објави аудиоснимки во кои Михајлова наводно открива дека била под притисок од Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) своето прво интервју да го даде кај конкретен новинар. Во спротивно, според тврдењата, можела да ја загуби финансиската помош за лекување и правна заштита.

Од ДАНС категорично ги демантираа обвинувањата, посочувајќи дека нивните службеници на ниту еден начин не извршиле влијание врз Михајлова.

Аферата добива и политички размери во Бугарија. Опозицијата најави дека ќе ги информира европските институции за случајот, а побара и оставка од директорот на ДАНС, Пламен Тончев.

Шефицата на бугарската дипломатија, пак, изрази сомнеж во однос на најавите за покренување на прашањето пред институциите во Брисел.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни