Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска го напушти Шенжен и се качи во авионот „Ер форс уан“, со кој се враќа во Вашингтон, по првата трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, која траела околу 90 минути.
На аеродромот во Шенжен, Трамп се ракувал со присутните официјални претставници, меѓу кои биле американскиот амбасадор во Кина, Дејвид Пердју, и кинескиот амбасадор во САД, Сје Фенг. На испраќањето присуствувал и кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.
Пред да влезе во авионот, американскиот претседател се свртел кон присутните, ја кренал тупаницата и им мавнал со раката, пренесува „Саут Чајна морнинг пост“.