Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Македонија

Андонова: Секоја пријава за семејно насилство се проверува, обвинителството ги проверува и претходните пријави на иста адреса

Андонова: Секоја пријава за семејно насилство се проверува, обвинителството ги проверува и претходните пријави на иста адреса

Секоја пријава за семејно насилство, без разлика дали е поднесена од жртвата, сосед или анонимно, е основа за проверки од страна на надлежните институции. Особено значајни се претходните пријави за насилство на иста адреса, бидејќи можат да укажат дека станува збор за повторувачки настани, а не за изолиран случај.

Ова го посочи обвинителката Спасенка Андонова во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, објаснувајќи како обвинителството постапува кога добива информации за семејно насилство и на кој начин се проверуваат околностите пред да се донесе одлука за понатамошно постапување.

Андонова отвори и едно важно прашање – доколку сосед пред три месеци пријавил насилство на одредена адреса, а денеска пристигне нова пријава за семејно насилство на истата адреса, дали обвинителството веднаш ги има двете информации или дополнително треба да ги побара претходните евиденции.

Таа појасни дека секоја пријава, па дури и известување или анонимна пријава што ќе пристигне до обвинителството, се проверува. Проверките најчесто се вршат преку Министерството за внатрешни работи, а зависно од случајот може да се побараат информации и од центрите за социјална работа.

„Доколку добиете веќе податоци дека на таа адреса многу пати е сигнализирано дека нешто се случува, се врши проверка на лицата кои живеат на таа адреса“, објасни Андонова.

Во тие проверки, значајна улога можат да имаат и соседите, односно лицата кои претходно забележале, слушнале или биле сведоци на одредени настани, но не ги пријавиле официјално. Нивните сознанија можат да помогнат во реконструкцијата на претходните случувања и утврдувањето на околностите.

Според Андонова, понатамошното постапување зависи од обемот на достапните информации, бројот на инволвирани лица и потребата од дополнителни докази, изјави и материјална документација.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни