Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Македонија

Андонова: Обвинителството не е врзано за квалификацијата од полицијата, доказите одлучуваат дали станува збор за насилство или обид за убиство

Андонова: Обвинителството не е врзано за квалификацијата од полицијата, доказите одлучуваат дали станува збор за насилство или обид за убиство

Кривичната пријава е само почеток на постапката, а правната квалификација наведена во неа не мора да биде и конечната квалификација на кривичното дело. Јавниот обвинител има обврска да ги провери наводите, да ги прибере доказите и врз основа на нив да оцени за кое кривично дело постојат елементи.

Ова го истакна обвинителката Спасенка Андонова во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, говорејќи за можноста за промена на правната квалификација во предметите поврзани со насилство, особено кога во текот на истрагата се обезбедуваат нови докази.

Андонова објасни дека лицето или институцијата што поднесува кривична пријава може да наведе конкретен сторител и кривично дело за кое смета дека постојат основи за постапување. Но, тоа не значи дека обвинителот мора да ја прифати таквата квалификација.

„Јавниот обвинител не е врзан за правната квалификација која е наведена во кривичната пријава, но е врзан за доказите коишто ќе ги обезбеди во постапката“, посочи Андонова.

Таа нагласи дека доказите се тие што ја креираат постапката и го определуваат понатамошното одлучување, односно дали станува збор за телесна повреда, насилство, обид за убиство или друго кривично дело.

Како пример, Андонова го посочи случајот во Охрид, каде што по поднесувањето на кривичната пријава и дополнителното прибирање докази и информации, обвинителството побарало притвор за осомничениот, иако претходно биле определени мерки на претпазливост.

Таа појасни дека првичната квалификација може да се разликува од онаа што обвинителството ќе ја утврди по извршените проверки. Промената може да се случи и подоцна, откако веќе ќе биде поднесено обвинение, доколку во текот на судската постапка се појави потреба од поинаква правна квалификација.

„Тоа е еден динамичен процес. Доказите се тие кои што ја креираат правната квалификација“, нагласи обвинителката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни