Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Свет

ФОТО 18-годишник во Германија планирал терористички напади, си направил пиштол на 3Д-печатач

ФОТО 18-годишник во Германија планирал терористички напади, си направил пиштол на 3Д-печатач

Осумнаесетгодишен ученик од Еслое, Германија, е осомничен за планирање напад врз луѓе во џамија. Според обвинителството, нападот требало да се случи кон крајот на 2026 или почетокот на 2027 година, при што би се користело оружје изработено со помош на 3Д-печатач.

Младиот човек бил уапсен во август, откако биле добиени дојави од луѓе од неговата околина. Полицијата во неговиот стан пронашла повеќе парчиња оружје, делови за оружје и муниција. Според првичните проценки на истражителите, дел од оружјето е функционално, додека за другите примероци сè уште се испитува дали се употребливи.

Истражителите се сомневаат дека младиот човек се радикализирал од јуни наваму и дека застапувал крајно десничарски ставови. Според обвинителот, тој ги сметал лицата со негерманско потекло за инфериорни, а неговите расистички ставови биле насочени и кон муслиманите.

Обвинителството се сомнева дека тој планирал напад врз џамија во Германија, иако не е прецизирано за која џамија станува збор. Исто така, постојат сведоштва кои укажуваат на тоа дека осомничениот пукал од дел од пронајденото оружје во шумска област.

Јавното обвинителство побара издавање нов налог за апсење, врз основа на сомневањето дека тој подготвувал сериозно насилно кривично дело со кое би се загрозила државата. Младиот човек се наоѓа во притвор уште од август; претходниот налог за апсење беше издаден поради сомневање за прекршување на Законот за оружје.

Истрагата е во тек. Истражителите вршат увид во електронските уреди, ги испрашуваат сведоците и ги очекуваат резултатите од форензичката анализа на оружјето. Сè уште нема подигнато обвинение, а за осомничениот важи презумпцијата на невиност сè додека не се докаже неговата вина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни