Македонија

Продолжува надзорната расправа за Алта банка: 15 сведоци пред пратениците, меѓу нив и претседателката Сиљановска-Давкова

Продолжува надзорната расправа за Алта банка: 15 сведоци пред пратениците, меѓу нив и претседателката Сиљановска-Давкова

Надзорната расправа за случајот со Алта банка Битола ќе продолжи во среда, на 25 ноември, кога пред пратениците се очекува да бидат сослушани 15 сведоци, меѓу кои и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

Расправата, која започна на 11 ноември, има цел да ги расветли околностите што доведоа до воведување привремена администрација во банката, постапувањето на Народната банка, како и евентуалната институционална одговорност.

Во пресрет на продолжението, политичките партии со меѓусебни обвинувања и различни ставови за начинот на кој се води постапката.

Од опозициската СДСМ велат дека не избегнуваат дебата, но нагласуваат дека во Собранието паралелно се одвива и расправата за државниот буџет.

„Не бегаме од дебата. Во тек е расправата за буџетот и потребно е мнозинството да одреди што му е приоритет“, порачуваат од СДСМ.

Оттаму објаснуваат дека истовременото одржување на двете расправи би создало проблем, бидејќи и двете седници треба да бидат директно пренесувани на собранискиот телевизиски канал.

Од Левица, пак, изразуваат скептицизам дека надзорната расправа ќе донесе конкретни резултати. Партијата бара целосна транспарентност, објавување на супервизорската документација, детална проверка на финансиските текови и утврдување индивидуална одговорност за евентуалните пропусти.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја обвинуваат СДСМ дека со пласирање неточни информации се обидува да ја манипулира јавноста и да ја претстави јавната аукција поврзана со Алта банка како тајна зделка.

„Опозициската СДСМ со нови лаги за Алта банка се обидува да манипулира и јавната аукција да ја претстави како тајна зделка“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжението на надзорната расправа се очекува да отвори дополнителни прашања за причините за воведување привремена администрација, надзорот врз работењето на банката и одлуките на надлежните институции.

Сведочењата на најавените 15 лица треба да дадат дополнителна слика за случувањата во Алта банка, случај што предизвика сериозни реакции во јавноста и загриженост кај клиентите на банката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни