Македонија

Денеска дожд, снег на планините и засилен ветер

Денеска дожд, снег на планините и засилен ветер

Врнежи од дожд, снег на планините и засилен ветер најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска, понеделник, 23 ноември.

Според прогнозата, врнежите во текот на ноќта најпрвин ги зафаќаат западните делови, а потоа се прошируваат насекаде. Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои повисоки места се очекуваат дожд и снег, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува засилен ветер, претпладне од западен, а попладне од северен правец. За ноќните часови УХМР предупреди на повремено силен ветер со брзина над 70 километри на час.

Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни