Коска што наликува на дел од човечки череп била пронајдена на местото викано „Лимојнивје“ во Крушево, информира полицијата.
Случајот го пријавил М.Х. (42) од Крушево на 23 ноември во 13:15 часот во ОВР Крушево.
Полициски службеници, во координација со јавен обвинител, извршиле увид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Засега не е потврдено дали пронајдената коска е од човечко потекло.